Гасификација на општина Илинден

Во рамките на проектот – Воспоставување на гасификациски систем, воведување на гасификација на стопанските објекти, во тек е реализацијата на втората фаза од овој проект во должина од 3500 метри, од локалната економска зона Марино-Кадино до локалната економска зона Ограѓа.

Спектартермо доо Скопје, како главен изведувач на работите, е завршил првата фаза од проектот, односно изградбата на гасовод „Приклучна делница 17б” во должина од 2400 метри од Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) до локалната економска зона Марино-Кадино.

Leave a Comment