ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ

Спектартермо учествувал како главен изведувач во изведба на две бензински станици за МАКПЕТРОЛ АД – Скопје, една во Општина Петровец, индустријска зона Ќојлија и другата во Гевгелија, како делот од реконструкција на старата БС 046 кај Богородичен премин.

Двете Бензинските станици беа изградени на време и во склад со највисоки стандарди.

Предраг Милиќевиќ, Извршен директор Спектартермо доо Скопје

БС МАКПЕТРОЛ ГЕВГЕЛИЈА, Богородичен премин

Бензинската станица на Макпетрол – ГЕВГЕЛИЈА е изградена на истата локација на претходно срушената стара бензинска станица, покрај автопатот во неспоредна близина на граничниот премин Богородица, со завршување на сите припремни, градежни и електро-инсталатерски и монтажни работи во рекордно брз рок од 6 месеци. Изградена е во склад со највисоките технички и еколошки стандарди.

Бензиската станица Гевгелија е изградена за задоволување на високи потреби за брзо и ефикасно точење на сите видови горива, поготово во време на туристичка сезона. Изграден е голем продажен простор од 800 квадратни метри, новоизградени простории за кујна и ресторан и игралиште за деца.

На бензинската станица се изградени четири пумпни оддели (за сите видови на гориво, метан-CNG и плин-LPG).

Заради енергетска ефикасност и намалена потрошувачка на енергија, греењето и ладењето се изведени со колекторски панели, а поставена е и база за полнење на електрични автомобили во иднина.

[hr]

БС МАКПЕТРОЛ ЌЈОЛИЈА, Општина Петровец, Скопје

Бензиската станица на Макпетрол – Ќојлија, е изградена во склоп на индустриската зона ЌОЈЛИЈА, Oпштина Петровец – Скопје, во непосредна близина на Меѓународниот Аеродром – Скопје.Спектартермо беше главен изведувач на сите градежни и електромонтажни работи на објектот.

За прв пат во Македонија оваа бензинска станица е изградена со специфична намена – да служи како Центар за складирање и дистрибуција на метан гас – CNG.

Поврзувајќи го Аеродромот Скопје, во соработка со ГАМА ГРАДБА е изведен и Т – приклучок, на кој начин е овозможен проток на константен и стабилен притисок на природен гас.

БС Ќјолија е изградена во склад со највисоките технички и еколошки стандарди.