РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРТСКАТА САЛА „ПАРТИЗАН“

by admin-hidro

Реконструкција ќе се состои од градежни и градежно-занаетчиски работи во вкупен износ од 69.495.606,00 денари.

Спектартермо доо Скопје е главен изведувач за реконструкција на спортска сала „Партизан“, во договор со Агенција за млади и спорт, согласно одлуката за избор на најповолна понуда од 16.11.2021 година, (одлука на јавна набавка, бр. 14803/2021).

Реконструкција за спортска сала Партизан Скопје

I ФАЗА – во првата фаза, планираните работни активности налагаат комплетна демонтажа на сите вградени материјали и опрема нивно одстранување и одвоз до депонија со што објектот ќе се доведе до состојба на карабина.

II ФАЗА – во втората фаза од реконструкцијата, опфаќа вградување на нови електоинсталатерски, водоводно-канализациони и градежни материјали како и санација на постојната армиранобетонска конструкција, замена на постојните кровни прозори и изработка на кров над предвидените делови согласно проектот .

Одобрение за градба е издадено од Општина Карпош е УП1 Бр. 47-557, од 13.10.2021 год.

Надзор на објект е Евро-консалтинг доо Скопје.

You may also like