СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ

Спектартермо влегол на пазарот со станбена градба во 2005. Почнавме со едноставна класична коцкаста архитектура од два стана по кат типот на зграда, во општина Карпош – Влае.

Со побарувачка на потрошачите, нашата компанија инвестираше повеќе фокус и ресурси во производство за енергетски ефикасни домови.

[hr]

2017 – ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ДОМОВИ

Ул. Драгутин Аврамовски Гуте, бр. 6, Општина Карпош, Скопје

Опис:

Ова зграда е меѓу првите згради во Скопје што користат гео-термални водни систем, која се извлекува од бунар. Има висока енергетска ефикасност и функција и е да снабдева нивните станари со топла санитарна вода истовремено работејќе како систем за топло-ладно.

Објектот се наоѓа во мирна и пријатна средина за станбено домување.

Објектот е со спратност По+П+2+Пк, при што паркирањето целосно е решено во подрумскиот дел од зградата со 6 паркинг места и исто толку остави.

Изградени се вкупно 10 станови распределени по катовите и два деловни простора во приземјето. Согласно потребите на станарите, квадратурите на становите се движат во распон од 53м2 до 150м2.

[hr]

2016 – МОДЕРЕН ТИП НА ЗГРАДИ

Улица Христо Смирненски, бр. 44, Општина Центар, Скопје

Опис:

Објектот е лоциран на рамен терен, со оријентација запад-исток.

Во внатрешноста на зградата на пет ката, приземје и поткровје – со вкупен број од 18 стана распоредени на шест нивоа.

Објектот нуди колективна атмосфера за живеење на станарите во една мирна населба, но сепак урбана зона во центарот главниот град.

Објектот има еден влез и гаража која се состои од 19 паркинг места и подрумски простории. Комуникацијата во самиот објект е овозможена со скали и автолифт.

[hr]

Може да погледнете другите типови на згради во галеријата долу: