Партерно уредување на КЕЈ 13 Ноември

Спектартермо доо Скопје работници на гр. објект

Спектартермо доо Скопје, како најдобар понудувач доби тендер преку јавен оглас од Град Скопје за Партерно уредување на „Кеј 13 Ноември“, од Телеком до Холидеј Ин.

Вкупната вредност на договорот е 75.114.002,00 (седумдесет и пет милиони сто четиринаесет илјади и два денари), без ДДВ.

Опсег на работите се движи од земјено градежни работи, до поврзување со водовод и канализација и изведба во електротехничкиот дел.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на овој настан соопшти дека со партерното уредување на површина од околу 12.500 метри квадратни со ново поплочување, патека за лица со попречености, високо зеленило – дрворед, поставување на клупи, смарт клупи, корпи за џебен отпад, нови жардињери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување, ќе се ослободи просторот за пешаците и велосипедистите.

Leave a Comment