Од ноември 2019, Спектартермо е сертифициран со нов ИСО стандард во доменот на безбедност и здравје при работа – ISO 45001:2018.
Горе наведениот ИСО стандард е наследник од поранешниот OHSAS 18001:2007 и е меѓународно признат од страна на ТУВ Норд Македонија, како дел од групацијата на ТУВ Норд, Германија.
Користи од ISO 45001:2018 се:
- Намален број на незгоди на работа и проблеми поврзани со лоша здравствена состојба на (првенствено) оперативните работници
- Подобра ускладеност со другите стандарди од ИСО фамилијата
- Подобар углед на фирмата
- Подобра евиденција и ускладеност со законски обврски